Отстранет е панорамскиот лифт кај кружните скали во ГТЦ

од Берта Китинска
506 прегледи

Отстранет е панорамскиот лифт кој почна да се гради пред влезот во Градскиот трговски центар (ГТЦ).

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов пред извесен период кажа дека дека смета оти во ГТЦ не треба да има панорамски лифт, оти тоа е исто како и да добие барокна фасада, и дека во разговор со директорот Ѓоко Трајчевски побарал градбата да престане.

– Јас лично не се согласив со таквото решението на управата на ГТЦ и во разговор со директорот на ГТЦ побарав тие активности да престанат. Колку што сум информиран тие се престанати и ќе се откаже тој проект… Дали ќе правите фасада барок или панорамски лифт е сосема сеедно ако не го направите на начин на кој треба да биде направено, во овој случај не беше запазена минимум постапката и процедурата и јас тоа многу јасно и гласно го кажав на директорот, верувам дека барем дел од неговата одлука е заради тој наш разговор, додаде Шилегов.

Претходно директорот на ГТЦ, Ѓоко Трајчевски,изјави дека лифтот првенствено требаше да биде наменет за лица со инвалидитет и мајки со деца и дека нема да го наруши изгледот на шопинг-центарот.

Слични содржини