Отстранета доградената дивоградба на ресторанот „Мечка“ во Центар

Општина Центар соопшти дека доградбата го блокираше тротоарот, дел од коловозот и пешачкиот простор

од Nikola Popovski
6 прегледи

Во рамките на акцијата за отстранување дивоградби, Општина Центар ја урна нелегалната доградба на ресторанот „Мечка” во Дебар Маало. Доградбата го блокираше тротоарот, дел од коловозот и пешачкиот простор.

„Нема да дозволиме узурпирање на јавен простор поради приватни интереси. За секој објект каде што ќе утврдиме нерегуларности ќе издадеме решение за негово отстранување”, изјави градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

По неколку опомени и непостапување по издадените забелешки, механизацијата излезе на терен, во координација со инспекциските служби, и ја отстрани незаконски поставената конструкција, која го попречуваше нормалното движење на пешаците и функционирањето на сообраќајот.

-Жителите на Дебар Маало ја поздравија акцијата и ослободувањето  на просторот што подолго време беше бесправно узурпиран, соопштија од Општина Центар.

Слични содржини