304
Денес ќе бидат отстранети 5 времено поставени објекти, односно трафики со градежна механизација. Иато така и трошоците за нивното отстранување ќе паднат на товар на инвеститорите, односно оние кои се сопственици на објектите.
Ова се 5 времени објекти, односно 4 киосци и 1 трафика, истите се лоцирани на ул. „11. Октормври“, и не поседуваат решенија за поставување на времен објект.
Сопствениците не постапиле по решенијата издадени од Секторот за инспекциски работи за времено поставените објекти, па оттаму денес општината пристапи кон присилно извршување, односно уривање и отстранување на објектите.
Оваа акција ќе продолжи и во следниот период, а се опфатени 18 објекти кои не поседуваат соодветна документација.