Отворање на Европското првенство: „Не знаеме колку гледачи ќе има, но сигурно ќе има гужва“

од Nikola Popovski
337 прегледи

Претседателот на Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ), Габриеле Гравин, вели дека планот е премиерниот натпревар на ЕУРО 2020 да се игра пред навивачите, и покрај пандемијата на коронавирус.

Европското првенство, кое беше одложено минатата година поради пандемијата на коронавирус, треба да започне на 11 јуни, кога Италија и Турција ќе се сретнат на стадионот Олимпико.

Првиот човек на италијанската фудбалска федерација е убеден дека тогаш ќе има публика на трибините.

„Сигурен сум дека ќе го отвориме Европското првенство во Рим и дека ќе го сториме тоа со навивачите на стадионот. Сè уште не знаеме колку гледачи ќе има, но сигурно ќе има гужва“, изјавил Габриеле Гравин.

Италија е една од 12-те земји домаќини и плановите за едномесечен турнир како што првично беше планирано беа ставени под знак прашалник бидејќи пандемијата на коронавирусите продолжува да се шири.

УЕФА објави дека земјите домаќини мора да достават планови за сместување на навивачите на трибините до крајот на април.

„Инвестиравме две години напорна работа и убедени сме дека ќе имаме повратни информации до 7 април, кои ќе и ги претставиме на УЕФА“, додал Гравин.

Слични содржини