„Отворен Балкан“: Намалено времето за транспорт за половина, трошоците за 80 проценти

од Nikola Popovski

Договорите за трговија со стоки во рамките на иницијативата „Отворен Балкан“ го намалија времето на трговските процедури и транспортот за 50 отсто, а трошоците се помали за 80 отсто, покажува истражувањето во Србија, С. Македонија и Албанија, спроведено од три американски стопански комори.

Договорот засега се однесува само на стоки од растително и животинско потекло.

Според Амалија Павиќ, извршен директор на „Амчам Србија“, девет од 10 компании во овие три земји очекуваат придобивки за нивниот бизнис, а една третина зборувала за поврзување со соседните земји, членки на ЕУ.

Таа оцени дека некои нецарински бариери кои ЦЕФТА не можеше да ги запре ги реши Отворениот Балкан.

-Истражувањето покажало дека Србија е убедлив лидер во примените од иницијативата „Отворен Балкан“.
Само Србија целосно ги отстранила инспекциските контроли од границата. Од друга страна, сите три земји спроведоа мерки за прифаќање на лабораториски анализи, пренесува „Данас“.

Она што досега не се случило ниту во „Отворен Балкан“, ниту на ЦЕФТА ниту како дел од Берлинскиот процес, е слободното движење на капиталот и луѓето.

Анкетата меѓу стопанствениците покажа дека е потребна либерализација на девизната регулатива. Како што напоменала Павиќ, Србија и С. Македонија не дозволуваат таканаречен „cash pooling“, односно можноста една компанија која работи во регионот да ги здружи средствата на филијалите во земјите од регионот.

Таа оценила дека немањето слобода на движење на капиталот им пречи на сите и дека пораката на економијата е да се создаде нов договор за движење на капиталот.

Исто така, членовите на „Амчам“ бараат олеснувањата во трговијата со стоки да се прошират и на други стоки, како и да се прошири бројот на укинати даноци и такси.

Апелираат и изградба на инфраструктура, особено на границата, за да има навистина само една контрола на заедничките премини.

Тие, исто така, сметаат дека треба да се усогласат барањата за безбедност и квалитет на производите, имајќи предвид дека оваа област е неисцрпен извор на нетарифни бариери.

Слични содржини