Отворен Балкан препознаен како алатка која ја развива економијата, но и ги забрзува евроинтеграциите

од Nikola Popovski
156 прегледи

Северна Македонија има континуиран раст на трговската размена со Албанија и Србија од почетокот на иницијативата, а српската премиерка Ана Брнабиќ на прес-коференција со премиерот Димитар Ковачевски истакна дека само врз основа на иницијативата отворен Балкан БДП на земјите може да порасне за седум проценти.

– Во трговската размена помеѓу Србија и Северна Македонија, Србија има значаен суфицит. Нашиот извоз бил во 2022 година преку 940 милиони евра, додека нашиот увоз бил преку 511 милиони евра. Но, она што го донесе Отворен Балкан е дека нашиот увоз од Северна Македонија во Србија многу брзо порасна, односно 56 проценти. Оваа иницијатива создава баланс и во овој момент можете да видите дека трговската размена повеќе и одговара на Северна Македонија, кажа Брнабиќ.

Таа додаде дека слична е паралелата и со Албанија.

– На сите им е во корист иницијативата и се надевам дека кога ќе видат следната година конкретните показатели за 2023 година и останатите во регионот ќе сакаат да се приклучат на иницијативата. Тоа е економски паметна одлука. Тоа е и симболично одлично за младите, да покажеме дека нашата иднина може да биде подобра, истакна српската премиерка.

Растот на трговијата и видливите придобивки од Отворен Балкан за граѓаните и бизнисите, се причина земјите како Босна и Херцеговина и Црна Гора да почнат да дебатираат и размислуваат за приклучување кон иницијативата.

„Сведоци сме денес на големи гужви во превозот и транспорот на роба и луѓе. Оваа иницијатива ќе ни овозможи се тоа полесно да функционира помеѓу државите членки“, истакна Златан Клокиќ, министер за европски интеграции и меѓународна соработка на Република Српска.

Сличен став имаше и Томислав Момировиќ, министер за внатрешна и надворешна трговија на Република Српска, според кој мора да се препознае овој политички момент кога Балканот мора економски да се поврзе и да се укинат непотребните гранични процедури, бидејќи само така може да се генерираат нови инвестиции и да се зголеми трговијата со цел подигнување на стандардот.

Поддршка и најава за можно приклучување во иницијативата Отворен Балкан пристигна и од новиот црногорски претседател, Јаков Милатовиќ според кого целта треба да остане членството во ЕУ, но во меѓувреме треба да се работи на зајакнување на економската соработка. Поддршка за приклучување кон иницијативата Отворен Балкан има и од цроногорскиот премиер Дритан Абазовќ, кој е на ист став како Милатовиќ дека секоја иницијатива која ќе помогне во остварување на целта за членство во ЕУ и подобрување на сорабоката и економијата треба да се поддржи.

Слични содржини