Отворен Балкан: Србија за прв пат извезува свежи јајца во Албанија

од Nikola Popovski

Србија денеска ги извезе првите количини свежи јајца во Албанија, соопштило српското Министерство за земјоделство, водостопанство и шумарство.

Се додава дека ова е првпат српските производители на свежи јајца да извезуваат во Албанија и дека е обезбеден нов пазар благодарение на иницијативата Отворен Балкан.

Беше истакнато дека оваа работа е многу важна за натамошно зајакнување на извозот на српските прехранбени производи во време кога има се повеќе глобални прекини на синџирите на снабдување предизвикани од конфликтите во Украина.

Србија има суфицит во трговската размена со Албанија, кој сега дополнително ќе биде зголемен, а Министерството потсетува дека минатата година Србија извезла храна во вредност од рекордни пет милијарди долари.

Слични содржини