Отворен ден на Армијата како дел од активностите на вежбата „Одлучен удар“

од desk4
111 прегледи

На градскиот плоштад во Гостивар денеска ќе се одржи Отворен ден за граѓаните како дел од активностите на воената вежба „Одлучен удар“ што ќе се одржи на армискиот полигон „Криволак“.

На Отворениот ден, граѓаните ќе имаат можност да ја видат опремата и да остварат директна коуникација со припадниците на армиите кои ќе учествуваат на вежбата.

На настанот најавено е присуство на министерката за одбрана Радмила Шекеринска, претставници од Министерството за одбрана, Генералштабот на Армијата и Амбасадата на САД.

Вежбата „Одлучен удар“  ќе се одржи од 5 до 9 овој месец, а ќе учествуваат околу 2.700 војници од армиите од пет држави сојузници – САД, Литванија, Албанија, Бугарија и Црна Гора. Целта на вежбата е зајакнување на стандардните оперативни процедури на единиците, подобрување на интероперабилноста, уанпредување на заемното разбирање и доверба и зајакнување на меѓусебната соработка.