Отворен е најдолгиот висечки мост во светот

од Vladimir Zorba
157 прегледи

Во швајцарскиот кантон Вале беше отворен најдолгиот висечки мост во светот, соопшти порталот 20 Minuten. Должината му е 494 метри и се нарекува “Чарлс Квон” во чест на еден од спонзорите на објектот. Ширината му е 65 сантиметри.

Мостот се наоѓа на височина од 80 метри над земјата и ги соединува селата Син и Цермат. За неговата изградба се потрошени 730 000 швајцарски франци (околу 750 000 долари).

Вчера по него минаа првите пешаци.