Oтворен е предмет за софтверот што го купил Рашковски, соопштија од ОЈО

од Nikola Popovski
360 прегледи

Следејќи ги повеќедневните написи во медиумите за набавката на софтверот од страна на Генералниот секретаријат на Владата, обвинителството отвори предистражна постапка, при што предметниот обвинител издаде повеќе наредби за прибирање на потребната документација, наведено е во соопштението од Основното јавно обвинителство.

Од таму додаваат дека по наредбите ќе постапуваат истражителите од истражниот центар при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

„Во меѓувреме, откако беа издадени наредбите, Министерството за внатрешни работи до обвинителството достави известување во врска со нивното постапување во случајот“, се вели во соопштението на ОЈО.

За овој случај станува збор за софтвер за кој поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски го набавил пред 8 месеци од фирмата „Инвока груп“. Ја платил 81 илјада евра со цел да се употребува во рамките на проектот „ Безбеден град“ на МВР. Но, оттаму претходно соопштија дека таквиот софтвер нити го користат, ниту планираат да го користат затоа што работат на нов проект за таа цел.

 

Слични содржини