Втора година по ред Фестивалот на уметничка фотографија „Малински Фото Фестивал“ е отворен во Куманово. Над 300 фотографии се изложени  на неколку локации во градот.
123876photografer663382 (1)
– Фестивалот Малински првенствено е организиран и наменет за фотографите да разменат идеи, искуства. Имаме самостојни изложби, минијатури. Фестивалот овозможува да се видат најдобрите фотографии коишто минатата година добија први награди и беа избрани за најдобри во интернационални салони. Следуваат клупски фотографии, дури и аматерски фотографии од техничкото училиште. На изложбата „Тумба“ се најдобрите фотографии од фото клуб Куманово, на изложбата „Круг“ во „Трајко Прокопиев“ се најдобрите фотографии од Битола и Куманово, изјави Марина Крстиќ еден од организаторите.

Слични содржини