Отворен граничен премин за првпат по 35 години: Камиони со помош од Ерменија пристигнаа во Турција

од Nikola Popovski
130 прегледи

Граничниот премин меѓу Ерменија и Турција беше отворен денеска за прв пат по 35 години за да се овозможи хуманитарна помош, изјави турски официјален претставник, пренесува Франс прес.

Пет камиони со помош, вклучувајќи храна, вода и лекови, пристигнаа во Турција од граничниот премин Аликан, објави на Твитер Сердар Килич, специјалниот претставник на Турција за дијалог со Ерменија, пренесе агенцијата Франс прес.

Турската државна новинска агенција Анадолу објави дека ова е првпат преминот да биде отворен од 1988 година. Во својот твит, Килич им се заблагодари на Ерменија и на потпретседателот на ерменското национално собрание, Рубен Рубинјан.

Заменик-министерот за надворешни работи на Ерменија Вахан Костанјан објави кратко видео на Твитер од камион со хуманитарна помош што го преминува мостот Маргара на границата Ерменија-Турција и се упатува кон подрачјето погодено од земјотресот.

Слични содржини