Утрово на ЈЗУ УК за Ендокринологија се отвори нов Ендокринолошки дијагностички центар, кој овозможува интегрирана, сеопфатна дијагностика на пациентите со ендокринолошки заболувања, информира министерот за здравство, Венко Филипче.
Според него, во овој Центар има три кабинети за ултрасонографска дијагностика на патолошки промени на тироидната жлезда, но и на други ендокринолошки жлезди.
-Отворен е и кабинет за тенкоиглена биопсија на промени на тироидната жлезда водена под ултразвук, како и кабинет за колор-доплер преглед на циркулацијата кај пациентите со дијабетес.
Овозможуваме порана и подобра дијагностика на проблемот на дијабетично стапало, рана дијагноза и превенција на ампутации. Во Центарот има и консултативен кабинет за дебелина, додава Филипче.
Тој упати честитки на неговите колеги од ЈЗУ УК за Ендокринологија, на директорката д-р Саша Јовановска Мишевска, за заложбите и посветеноста во подобрување на здравствните услови на овие пацинети.
-Ја препознавме итноста и вложуваме максимални напори за унапредување на здравјето на лицата со дијабет и им обезбедуваме современ пристап на лекување, вели министерот.