Отворен рокот за пријавување за субвенциониран студентски оброк, аплицирање до 5 февруари

Рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2025/2026 година започна денеска и ќе трае до 5 февруари 2026 година, соопшти Министерството за образование и наука.

од desk4
21 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/Канал 5 Тв

Рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2025/2026 година започна денеска и ќе трае до 5 февруари 2026 година, соопшти Министерството за образование и наука.

Правото на субвенциониран оброк можат да го користат редовни студенти на додипломски студии со месечен приход понизок од минималната нето-плата, како и студенти запишани на постдипломски и интегрирани студии на државните и приватните универзитети во земјава. Студентите кои ги исполнуваат условите, а досега не аплицирале, можат да поднесат електронска апликација преку порталот на Министерството.

Од МОН информираат дека повторно можат да аплицираат и студентите на кои им било прекинато правото на субвенциониран оброк, доколку сметаат дека ги исполнуваат пропишаните критериуми, како и оние кои не аплицирале во претходните рокови.

Условите и критериумите за остварување на правото се јавно објавени на веб-страницата на Министерството, а за техничка поддршка при аплицирањето студентите можат да се обратат на наменската електронска адреса на МОН.