Отворена истрага против претседателот поради прогласувањето воена состојба во Јужна Кореја

од Nikola Popovski
33 прегледи

Јужнокорејското обвинителство отвори истрага против претседателот на земјата, Јун Сук Јеол, како и против министрите за внатрешни работи и за одбрана, за обидот за воведување воена состојба во земјата, објави денеска агенцијата „Јонхап“.

Истрагата против Сук Јеол беше покрената врз основа на жалба за предавство и други слични обвиненија поднесени од помалата опозициска партија Обнова, додека друга беше поднесена од група од 59 активисти, кои исто така се однесуваат на поранешниот министер за одбрана Ким Џонг Хјун, началникот на Генералштабот на армијата на Јужна Кореја, генералот Парк Ан Су и министерот за внатрешни работи Ли Санг Мин, за нивната улога во прогласувањето и, подоцна, укинувањето на воената состојба во таа земја.

Канцеларијата за истраги за корупција, исто така, примила извештаи во кои претседателот на Јужна Кореја и други високи функционери се обвинуваат за предавство, и во моментов размислува дали да спроведе сопствена истрага или да ги предаде извештаите до полицијата.

Слични содржини