Отворена истражна постапка, одземен пасошот на Жан Митрев

од Берта Китинска

Поради опасност од бегство на д-р Жан Митрев му е одземен пасошот.

Му се закануваат од една до 10 години затвор, ако Oбвинителството докаже дека ги измамил пациените во неговта клиниката, лечејќи ги од ковид 19, со системот на хемофилтрација.

Жан Митрев беше на распит во обвинителството, по што надлежниот јавен обвинител Гаврил Бубевски нареди истрага против него.

-Осомничениот, во периодот од април 2020 година до 2022 година, со намера за правно лице – приватна здравствена установа да прибави противправна имотна корист, со лажно прикажување факти, ги довел во заблуда пациентите лекувани од КОВИД 19 со методот на хемофилтрација, велат од ОЈО.

Околу најновите случувања се огласи и Клинката Жан Митрев. Од таму велат нивниот сопственик бил поканет и уредно се појавил во Обвинителството, а за понатамошниот развој ќе информирале соодветно.

-Клиника Жан Митрев и сега и понатаму целосно соработува со институциите за кои и да било случај. Ние како Клиника досега, а и понатаму работиме целосно транспарентно и во интерес на пациентите. Овој однос не е само кон надлежните институции и тела во државата, туку е и кон нашите пациенти. Знаејќи ја вистината и водејќи се според високите стандарди на работа ќе помогнеме за откривање на фактичката состојба и ги ставаме на располагање сите наши материјални и човечки капацитети за да излезе вистината во јавноста, велат од клиниката.

Слични содржини