Отворена Kнига на жалост во српската амбасада во Скопје, прва се потпиша Сиљановска Давкова

од Nikola Popovski
39 прегледи

Во Амбасадата на Србија во Скопје беше отворена Книга на жалост по повод трагичниот настан на железничката станица во Нови Сад во кој животот го загубија 14 лица. Прва се потпиша претседателката, Гордана Сиљановска-Давкова, изразувајќи длабоко жалење и искрено сочувство.

„Моите мисли и молитви се со семејствата и роднините на оние кои трагично ги загубија животите, меѓу кои и еден Македонец. Во знак на почит и солидарност, утрово во телефонски разговор со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изразив длабоко сочувство и поддршка во овие моменти“, објави македонската претседателка.

Идентификувани се 13 лица, а поради тежината на повредите не може да се идентификува уште една женска особа. Меѓу загинатите се две деца родени 2014 и 2018 година, фудбалер со неговата девојка, претежно млади лица, како и 45-годишен македонски државјанин кој работел во Нови Сад.

Од Универзитетскиот клинички центар во Војводина потврдија дека нема нови жртви, а тројцата повредени се во тешка општа состојба. Меѓу нив се две жени на возраст од 23 и 21 година, кои неколку часа по уривањето на конструкцијата беа извлечени од под урнатините и 18-годишно момче на кое му беше ампутирана ногата.

Слични содржини