Отворена телефонска линија за психолошка поддршка на засегнатите од несреќата во Кочани

од Даниел Ѓорѓиевски
18 прегледи

Министерството за здравство ја отвори телефонската линија 078 378 754 за психолошка поддршка на пациентите и нивните семејства, како одговор на зголемената потреба за ментална поддршка по трагичните настани во Кочани.

Во координација со ЈЗУ Психијатриска болница и Клиниката за психијатрија, формирани се мобилни тимови составени од психијатри и психолози, кои ќе обезбедуваат советување и емоционална помош за погодените граѓани.

Како дел од оваа иницијатива, Министерството за здравство најави дека мобилен тим со двајца лекари и еден психолог ќе биде ангажиран директно во Кочани, со цел навремено и соодветно да одговори на потребите на заедницата.

Граѓаните кои имаат потреба од психолошка поддршка може да се јават на 078 378 754, каде стручни лица ќе им помогнат да се справат со емоционалниот товар.

Слични содржини