Ова би бил трансферот на векот: Роналдо понуден на Барселона!?

од Nikola Popovski

Еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Кристијано Роналдо, би можел да ја засили Барселона.

Како што пренесува шпанскиот весник AS, претседателот Жоан Лапорта контактирал со неговиот агент Жорже Мендеш. Тие пишуваат дека една од отежнителните околности е финансиската состојба на каталонскиот гигант, но и дека се зависи од трансферот на Роберт Левандовски. Роналдо сака да го напушти Јунајтед, незадоволен од сезоната.

Познат весник пишува дека Барселона уште минатото лето го сакала Роналдо, кога тој од Јувентус се пресели во Манчестер Јунајтед за 15.000.000 евра.

Прашање е „само“ дали Португалецот е подготвен да им „забие нож“ во срцата на навивачите на Реал Мадрид, кои ги веселеше девет години и кои го сметаат за икона на клубот, само поради настап во Лигата на шампионите.

Доколку трансферот се реализира, Португалецот ќе биде само еден од неколкуте играчи кои настапувале за двата вечни ривали во Шпанија.

Да потсетиме, Роналдо за девет години во Реал Мадрид одигра 438 натпревари со 450 голови и 131 асистенција.

Слични содржини