Истрагата за потеклото на Ковид-19 е „апсолутно критична“ доколку сакаме да спречиме понатамошни пандемии и да избегнеме Ковид-31“, изјавил американскиот експерт Питер Хотез.
„Ќе имаме Ковид-26 и Ковид-32 ако не го разбереме целосно потеклото на Ковид-19. Ова е апсолутно критично“, рекол Хотез, декан на Националното училиште за тропска медицина на Медицинскиот колеџ Бејлор во Хјустон, Тексас, во изјава за „NBC“.
Хотез рече дека верува дека САД мораат да направат многу повеќе отколку да иницираат истраги за теории дека вирусот поминал од животни или дека „протекол“ од лабораторија во Вухан, Кина, додава „Њујорк Пост“.
„Мислам дека направивме колку што можевме во областа на разузнавањето. САД треба да испратат експерти во епицентарот на пандемијата, Вухан. Потребен е тим од научници, генетичари, биолози, експерти за лилјаци, за да поминат од шест до 12 месеци во кинеската провинција Хубеј, за целосно да го откриеме изворот на Ковид-19“, нагласил Хотез.
Тој додава дека е „свесен дека Кина нема да се согласи на целосна соработка“.
„Мораме да извршиме притисок врз силната Кина, па дури и можни санкции, за да им овозможиме на тимот врвни епидемиолози и вирусолози да имаат непречен пристап до животни, луѓе и примероци од лабораторијата“, додал Хотез.