Новото седиштето на Фејсбук изгледа како комбинација на корпорацијата од 21 век и детско царство на бонбони.

Фејсбук официјално се пресели во областа со големината на 430.000 квадратни метри, а дизајнерот на целиот проект е познатиот архитект Френк Гери, кој уфрлиу модерен мебел и уметнички дела, скали кои личат на оние на музејот во Гугенхајм, паркинг на покривот и најмалку една сала за состаноци што изгледа како соба на игри за деца.

Ова не е единствената компанија која го подобри својот штаб. Apple, исто така во моментов гради нов голем кампус, кој изгледа како вселенски брод, и Google има план да изгради канцеларии кои ќе ги направи да изгледаат како тие се од иднината.
Новото седиштето на Фејсбук во суштина е еден голем отворен простор, бидејќи тоа би значело дека ја одржува Фејсбуковата отворена култура. Тоа е област во која може да работат и да циркулираат илјадници луѓе во исто време. Исто така постои и помал простор за приватни работи, а на вработените секогаш можете да отидат во големиот парк, во кој се засадени над 400 дрва.
“Самата зграда е многу едноставна и не е фенси”, пишува Марк Цукерберг на неговата Фејсбук страница.