„Ова е голема загуба за нас“: Зеленски за првпат објави колку украински војници загинале во војната

од Stefanija Kuzmanovska
610 прегледи

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска изјави дека од почетокот на рускиот напад врз таа земја пред две години загинале 31.000 украински војници, што е прв официјален податок за повеќе од една година.

Зеленски на прес-конференција во Киев рече дека не може да го открие бројот на ранетите бидејќи тоа „ќе му помогне на руското воено планирање“, објави „Ројтерс“.

„Во оваа војна загинаа 31.000 украински војници. Не 300.000, не 150.000… Путин лаже. Но сепак, ова е голема загуба за нас“, истакна тој.

Украина немаше објавено податоци за своите воени загуби од крајот на 2022 година, кога помошникот на претседателот на Украина, Михајло Подољак, рече дека 13.000 украински војници биле убиени од почетокот на офанзивата на 24 февруари, објави агенцијата.

Зеленски истакна дека победата на Украина во војната против руските сили зависи од поддршката на Западот.

Слични содржини