Денес е голем и историски ден за Република Северна Македонија. После 17 години чекање, после 17 години носење на тешки, важни, значајни, патриотски одлуки Република Северна Македонија денес ги започнува преговорите за полноправно членство во ЕУ, кажа премиерот Димитар Ковачевски.
„Во овој голем ден вградена е работата, трудот на сите граѓани на државата без разлика на нивната етничка, верска или било каква друга припадност. Вградени се трудот и работата на голем број лидери на државата од нејзиното осамостојување, од првиот претседател Киро Глигоров, премиерот Кљусев, преку претседателот Борис Трајковски, Црвенковски и другите премиери, министри и лидери на државата, сите вработени во институциите коишто работеа на подготовки на РСМ за отпочнување на преговорите.“, рече Ковачевски.