Ова е израз на омраза и злоба-Реакција на Турската амбасада во врска со интервјуто на Сител

од Vladimir Zorba
104 прегледи

Синоќешниот (10 февруари) недоличен израз на главниот и одговорен уредник на Сител Телевизија Драган Павловиќ Латас кон великиот турски народ на најсилен начин го осудуваме.

turcija-zname-11

Овој израз полн со омраза и злоба, во иста мера го возвраќаме кон именованото лице кое во основа и порано покажало смелост да во своите разни емисии и изјави користи навредливи изрази кон високите раководители на Република Турција и турците.

Со жалење го примивме овој недоличен израз упатен кон Република Турција и турската заедница која што прва ја призна Република Македонија под нејзиното уставно име и ја поддржува оваа братска и пријателска земја на секое поле.

Именуваното лице, по интензивните и праведни реакции на претставниците на нашите сонародници во Македонија, и покрај тоа што се извинил пред турскиот народ и држава, далеку е од состојбата да ја надомести штетата од ваквиот недоличен став.

Ја покануваме Сител Телевизија која што му дала висока раководна функција на ова лице да постапи согласно со објективното новинарсто и во рамките на правичноста и кон именованото лице ги превземе соодветните мерки.

Во врска со овој неприфатлив став во тек се и интервенциите пред органите на Македонија, се велчи во реакцијата на амбасадата на Турција во Македонија