„Ова е Ковид-21“: Премиерот на Белгија за новиот сој на корона што веќе пристигна во таа земја

од Nikola Popovski
375 прегледи

Можеме да кажеме дека ова е Ковид-21 наместо Ковид-19, тој е три пати позаразен од оригиналниот вирус, изјави белгискиот премиер Александар Де Крој за новиот сој на коронавирусот што се појави во Африка, а беше регистриран во таа европска земја.

Де Крој предупреди дека новиот сој означен како B.1.1.529, е многу различен од оној што се појави во Вухан пред две години, тврдејќи дека е три пати позаразен од него, пренесува RT.

Новиот сој беше идентификуван во Боцвана на 11 ноември и се верува дека се шири во Јужна Африка.

Според досегашните информации, оваа варијанта на вирусот има 32 мутации во протеинот на вирусот, што може да му овозможи да го заобиколи имунитетот на вакцината, а британската агенција за здравствена безбедност го нарече „најлошиот досега“.

Премиерот на Белгија најави и нов сет на мерки против коронавирусот, со цел да се спречи ширењето на четвртиот бран во таа земја. Мерките вклучуваат затворање на ноќните клубови и дискотеки на три недели, како и забрана за приватни прослави.

Забавите ќе завршуваат во 23 часот, додека бројот на гости на една маса во рестораните е ограничен на шест.

Де Кро изјави дека четвртиот бран, предизвикан од сојот делта на коронавирусот, се шири низ земјата и дека таа земја никогаш немала повеќе случаи.

Слични содржини