Точниот дневен распоред е познат неколку дена однапред и значително го намалува нивото на стрес. На самиот врв на листата на најдобро платени работни места со низок стрес е всушност – стоматологијата.
Ова го покажа истражувањето на американската куќа „U.S. News & World Report “ според кое, иако стоматологијата како професија не е на прво место меѓу најплатените работни места, во категоријата годишни примања и нивоа на стрес тие убедливо се на прво место меѓу сите други активности.
Според најновите истражувања, работниците во оваа професија во САД имаат просечна годишна плата од 225.760 илјади долари.
Според „Маркетвоч“, причината за првото место е добрата организација на дневниот распоред. Имено, како и во повеќето медицински активности, точниот дневен распоред е познат неколку дена однапред, што значително го намалува нивото на стрес. На намалувањето на стресот, исто така, позитивно влијае и фактот дека стоматолозите, во просек, имаат многу мал број на итни интервенции, за разлика од хирурзите и лекарите од други области.