Ова е најбараниот рецепт во светот во 2022: Што е суго и како се прави?

од Nikola Popovski
208 прегледи

Како што се приближуваме кон крајот на годината, Гугл ги објави најпопуларните пребарувања за оваа година, па научивме многу интересни работи за интересите на луѓето ширум светот во 2022 година.

Меѓу другото, и што би сакале да јадат.

Така беше откриено дека ова се најпребаруваните рецепти:

10. Шпагети Меда, 9. Сендвич Бела Хадид, 8. Сендвич Грајндер, 7. Салата Џенифер Анистон, 6. Салата Зелена божица, 5. Пита од манго, 4. Брзи палачинки, 3. Пилешко „Омажи се за мене“, 2. Чили Синсинати, 1. Суго.

Што е суго?

Иако суго звучи како сложено јадење кое потекнува од јапонската кујна, тоа е најчестиот и наједноставниот италијански сос кој се јаде со тестенини или ќофтиња.

Обично се мисли на Суго ди Помодоро, кој е автентичен италијански сос од домати, а неговата подготовка е брза и лесна.

Рецепт за суго

Состојки:

2 лажици екстра девствено маслиново масло
1 главица кромид
4 чешниња лук
420 мл пасирани домати
¼ чаша свеж босилек
сол по вкус
Подготовка:

Загрејте го маслото на тивок оган, а потоа додадете ситно сечкан кромид и лук. Пржете додека не стане меко и стаклено, околу пет минути, а потоа додадете ги доматите, босилекот и солта.

Покријте и динстајте на средна топлина, повремено мешајќи додека сосот од домати не се згусне, околу 20 минути.

Пред сервирање, отстранете го лукот.

Слични содржини