Ова е причината поради која само две лица ја преживеаја авионската несреќа во Јужна Кореја

од Nikola Popovski
80 прегледи

179 лица загинаа, а двајца се спасени од авион со 181 лице што се урна во неделата на меѓународниот аеродром Муан во Јужна Кореја, објави новинската агенција „Јонхап“, повикувајќи се на спасувачките служби, пренесува „Ројтерс“.

Летот на компанијата „Jeju Air“ 7C2216, кој доаѓаше од главниот град на Тајланд Бангкок со 175 патници и шест членови на екипажот, се обидел да слета околу 9 часот по локално време на аеродромот на југот на земјата, соопшти јужнокорејското Министерство за транспорт.

Преживеаја маж и жена – членови на екипажот

Маж и жена, членови на екипажот, се спасени, додека сите други починале. Видео снимката покажува како Боингпт 737-800 се лизга по пистата без опрема за слетување, удира во ѕид и експлодира.

„Само опашката е донекаде недопрена, остатокот од авионот е непрепознатлив“, изјавил шефот на противпожарната служба Ли Јунг-Хјун.

Причини за несреќата: птица или временски услови?

Инспекторите и истражители ја разгледуваат можноста дека несреќата е предизвикана од удар на птица или лошо време. Контролната кула издал предупредување за птици, а пилотот набргу потоа издал повик за помош, изјави претставник на Одделот за транспорт. Еден патник му испратил порака на роднина: „Птица удри во крилото. Дали се ова моите последни зборови?“

По несреќата, вршителот на должноста претседател на Јужна Кореја Чои Санг-мок прогласи седумдневна национална жалост, која ќе трае до 4 јануари.

Слични содржини