Ова е првата жена на чело на Лувр

од Stefanija Kuzmanovska
294 прегледи

Француската историчарка на уметност Лоренс дес Карс, позната по промовирање на социјални теми преку уметноста, ќе биде новата шефица на Лувр од септември и првата жена во историјата на чело на најголемиот музеј во светот во повеќе од два века од неговото постоење.

Дес Карс моментално го води Музејот на Орсеј, познат париски музеј посветен на уметноста од 19 век, и таму е исто така првата жена на чело на тој музеј.

Нејзиното наследство вклучува зголемување на бројот на млади посетители и обезбедување на поголем физички простор за уметноста и посетителите.

Во првите четири години во Орсеј, 54-годишната историчарка на уметност ги изрази своите ставови за некои контроверзни теми, вклучително и враќањето кај сопствениците на уметничките дела украдени од нацистите.

Дес Карс, која потекнува од семејство на писатели и новинари, ќе го наследи Жан-Лук Мартинез, сегашен шеф на Лувр, во септември.

Слични содржини