Наоми Кембел е една од најпознатите и дефинитивно најзгодните супермодели во светот. Иако тајната на нејзината совршена фигура се чуваше долго време, Шон Џон, готвачот на нејзината кујна, конечно ја сподели со јавноста храната без која овој модел не може да замисли ниту еден ден.
Педесетгодишната Наоми во една прилика веќе призна дека конзумира само еден оброк дневно, а судејќи според зборовите на нејзиниот готвач, дури и ова јадење мора да се прави според одредени прописи бидејќи манекенката не јаде млечни производи, глутен и пилешко.
– Готвам за неа веќе цела деценија. Мојата работа е да направам едно јадење на ден од намирниците кои самата Наоми ги набавува, многу едноставно и здраво. Таа е „итал“, што е јамајкански збор за лице кое следи вегетаријанска исхрана. Кога таа патува, јас ѝ подготвувам храна за патувањето затоа што храната во авион не ѝ одговара- изјави Шон Џон за „Пејџ Сикс“, додавајќи дека Наоми не консумира храна често од неговиот ресторан:
– Наоми никогаш не порачува храна од ресторан. Доколку се реши за таа опција, секогаш ќе бара да подготвиме нешто што го нема во менито. Јас секогаш создавам ново јадење за неа.
– Друга важна работа – Наоми обожава различни вкусови. Таа не одобрува сол и бибер, но навистина сака билки – заклучи готвачот.