Ова е време на големи економски предизвици, за што се бара внимателно креирање на фискалната политика, со мерки за поддршка на економијата и граѓаните, но и мерки за поттикнување на растот, вели министерот за финансии Фатмир Бесими.
Тој појасни дека внимателно се следат ценовните движења и зачувување на ценовната стабилност на среден рок преку водење соодветна монетарна политика
-Обезбедување фискална поддршка во годинашниот Буџет за надминување на ефектите од кризата, внимателно следење на ценовните движења и зачувување на ценовната стабилност на среден рок преку водење соодветна монетарна политика, продолжување со реформите во управувањето со јавните финансии преку постепена фискална консолидација на среден рок, усвојување на новиот закон за буџет, спроведување на Даночната стратегија и дигитална трансформација на Управата за јавни приходи, донесување нов закон за јавно приватно партнерство, како и подобрување на деловното окружување преку продолжување со дигитализацијата на јавните услуги, рационализација на парафискалните давачки и усвојување нова стратегија за формализација на економијата, се само некои од препораките што произлегоа од Економско-финансискиот дијалог на земјава со ЕУ, што се одржа на 24 мај годинава во Брисел, кажа Бесими.