Ова овошје помага во превенција на мозочен и срцев удар

од Stefanija Kuzmanovska
936 прегледи

Калиумот е исклучително важна хранлива материја и исхраната богата со него помага во намалување на крвниот притисок и го намалува ризикот од развој на срцеви заболувања.

Вежбањето и доволното спиење се здрави навики кои можат да го намалат ризикот од срцев или мозочен удар, но не занемарувајте ги моќните ефекти на исхраната врз здравјето.

Според новото истражување спроведено на Универзитетот во Алабама, време е да вклучите банани и друга храна богата со калиум во вашето мени.

Експертите веруваат дека кај повеќето луѓе, конзумирањето храна богата со калиум, како што се бананите, ќе придонесе за здравјето, па дури и може да го намали ризикот од развој на кардиоваскуларни болести и игра голема улога во превенцијата на мозочен и срцев удар.

Но, имајте на ум дека, иако бананите се познати како најбогата храна со калиум, со калиум исто така се богати и брокулата, спанаќот, морковите, карфиолот и многу друг зеленчуци.

Слични содржини