Ова овошје помага во согорувањето на калории

од Stefanija Kuzmanovska
380 прегледи

Овошјето е важен дел од здравата исхрана, богато е со клучни хранливи материи, антиоксиданси, а некои овошја исто така помагаат во согорувањето на калориите и телесната тежина.

Овошје кое е малку калорично и богато со растителни влакна може да ви помогне да изгубите тежина. Можете да ги јадете во секое време и со секој оброк.

Иако многу луѓе мислат дека шеќерот во овошјето предизвикува зголемување на телесната тежина, тоа не е така. Овошјето содржи природен шеќер кој не содржи хемикалии и вештачки засладувачи.

Но, не секое овошје помага во слабеењето. Еве пет вида кои можат да ви помогнат да изгубите тежина.

Грејпфрут
Грејпфрутот има мала содржина на шеќер и има бројни здравствени придобивки, а исто така помага при слабеење. Јадењето грејпфрут пред оброк може да ви помогне да се ослободите од салото на стомакот. Покрај тоа, грејпфрутот може да го намали нивото на холестерол.

Банани
Додека многумина мислат дека бананите предизвикуваат зголемување на телесната тежина, тоа не е сосема точно. Имено, бананите содржат т.н. „oтпорен скроб“ кој помага во согорување на калории и контрола на апетитот. Исто така, помага во формирање на мускули.

Лимон
Лимонот е една од главните состојки во многу рецепти за слабеење. Лимонот помага во детоксикација на црниот дроб и алкализација на организмот, а исто така спречува акумулација на маснотии во телото.

Бобинки
Бобинките имаат малку калории и се богати со хранливи материи. Ова овошје го намалува холестеролот, крвниот притисок и воспалението во организмот.

Јаболка
Јаболката се богати со железо и растителни влакна што е одлично за слабеење, пишува Times of India. Покрај тоа, јаболката го стимулираат метаболизмот и помагаат во намалување на маснотиите на стомакот.

Слични содржини