Ова се десетте најбогати луѓе во регионот

од Nikola Popovski
314 прегледи

Во однос на минатата година има мали промени кога станува збор за традиционалната листа на 100 најбогати луѓе во регионот. Mеѓу стоте најбогати, вкупно 25 се од Хрватска, 48 од Србија, 12 од Босна и Херцеговина, осум од Македонија и седум од Црна Гора. Ова го покажува најновата листа која годинава заедно ја направија белградски „Недељник“, сараевско „Ослобоѓење“, словенечкиот весник „Финанце“ (и порталот „Финанце менаџер“), хрватскиот економски неделник „Лидер“ и економскиот неделник „Капитал“ од Македонија.

На првата позиција без промени. Најбогатите луѓе во регионот, според „Недељник“, и понатаму се сопствениците на хрватскиот Инфобип, Силвио и Роберт Кутиќ и Изабел Јелениќ. Нивната компанија вреди 3,1 милијарди евра.

Српскиот бизнисмен Мирослав Мишковиќ (Делта холдинг) скокна од четврто на второ место, додека Дубравко Гргиќ, сопственик на групацијата „Концерн Аграм“, падна од втората на третата позиција.

Наследниците на Миодраг Костиќ (МК Груп), кој почина во ноември годинава, се на четвртото место, додека Мате Римац падна од третото на петтото.

Најбогатиот Македонец е 32-ри на листата, односно Живко Мукаетов- директорот на „Алкалоид“.  Компанијата е шеста најважна фармацевтска компанија во Југоисточна Европа.

Топ 10 најбогати луѓе во регионот:

Силвио и Роберт Кутиќ и Изабел Јелениќ (Инфобип) – 3.097.663.106 (Хрватска)

Мирослав Мишковиќ (Делта холдинг) – 2.851.179.194 (Србија)

Дубравко Гргиќ (Концерн Аграм) – 2.793.000.000 (Хрватска)

Семејство Костиќ (МК груп) – 2.655.071.601 (Србија)

Мате Римац (Бугати Римац) – 2.295.000.000 (Хрватска)

Дејан Чакајац и Јадранка Степановиќ (Моцарт) – 1.808.077.997 (Србија)

Драган Шолак (Јунајтед група) – 1.694.700.000 (Србија)

Давор Лукшиќ Ледерер (Сина лагуна) – 1.646.650.000 (Хрватска)

Павао Вујновац (ЕНА група, Фортенова) – 1.624.000.000 – (Хрватска)

Емил Тедески (Мајберг) – 1.567.177.544 (Хрватска).

Слични содржини