Малолетните синови на лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров, ќе одат на фронтот во Украина да се борат. Така барем најави нивниот татко претходно денеска.
„Тоа што се малолетни не треба да влијае на обуката на оние кои ја бранат нашата татковина. Внуците на првиот претседател на Чеченија, Ахмат Кадиров – Ахмат, Ели и Адам имаат 16, 15 и 14 години. Меѓутоа, нивната воена обука започна многу одамна, кога беа многу мали“, рече Кадиров.
Кадиров на својот профил на социјалните мрежи објави и видео на кое се гледа како неговите синови вежбаат на полигон и користат опасно оружје.
Кадиров рече дека неговите деца уште од мали нозе знаат да ракуваат со разни оружја, како да го користат на која било далечина и на теоретска основа.
„Ахмат, Ели и Адам се подготвени да ги применат своите вештини во редовите на фронтот“, рече Кадиров.