Ова се мрачни времиња, треба да бидеме внимателни, вели хрватскиот претседател

„Не би драматизирал, но треба да бидеме внимателни. Ова е прокси војна меѓу Америка и Русија и тие ќе мора да ја завршат“, рече Милановиќ во изјава за новинарите во Јастребарско во близина на Загреб, како што објави телевизијата Н1.

од Vladimir Zorba
13 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин/Јутарњи

Во врска со инцидентот во Полска, хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денес изјави дека ова се мрачни времиња и дека треба да бидеме внимателни.

„Не би драматизирал, но треба да бидеме внимателни. Ова е прокси војна меѓу Америка и Русија и тие ќе мора да ја завршат“, рече Милановиќ во изјава за новинарите во Јастребарско во близина на Загреб, како што објави телевизијата Н1.

Тој оцени дека ова се мрачни, опасни времиња.

Милановиќ потсети дека дрон претходно се урна во близина на студентски дом во Загреб, кој, додаде тој, бил заборавен.

Слични содржини