ОВА СЕ НАЈСКАПИТЕ ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО 2022 ГОДИНА: Просечните трошоци за живот пораснале за 8,1 отсто

од Vladimir Zorba
262 прегледи

Инфлацијата, војната во Украина и ефектите од пандемијата доведоа до тоа Њујорк и Сингапур да ја преземат титулата најскапи градови во светот бидејќи просечната цена на живот се зголеми за 8,1 отсто во 2022 година.

Ова се резултатите од овогодинешниот светски индекс на трошоците на животот, објавен денеска од истражувачката агенција Economist Intelligence Unit (EIU), според кои „Големото јаболко“ првпат се најде на врвот на листата, откако Тел Авив, најскапиот град во 2021 година падна на третото место, јави „Индипендент“

На листата на пет најскапи градови следат Лос Анџелес и Хонг Конг, додека меѓу првите 10 најскапи градови е и Сан Франциско.

Истражувањето ги спореди цените на повеќе од 200 стоки и услуги во 172 градови низ светот.

Слични содржини