Ова се најдобрите 11 во светот според изборот на „Златната топка“

од Vladimir Zorba
318 прегледи

Лионел Меси во понеделникот во вечерните часови ја прими „Златната топка“ на „Франс Фудбал“, со што по рекорден седми пат во кариерата стана сопственик на најголемата индивидуална награда во светот на фудбалот. Доделувањето на наградите се одржа во Париз, каде второто место му припадна на Полјакот Роберт Левандовски, а третото на Италијанецот Жоргињо.

Веднаш по доделувањето на наградата, Франс Фудбал ја објави листата на сите 30 финалисти на овој избор и бројот на нивните гласови, па може да се види дека Меси славеше со 613 поени, 33 поени повеќе од Левандовски кој собра 580. Жоргињо е трет со 460 поени, далеку од водечкото дуо.

Англискиот портал Give Me Sport избра тим од најдобрите 11 играчи денеска според тоа колку гласови добиле во изборот за „Златната топка“. Тие ги избраа најдобрите играчи на секоја позиција, а составот изгледа вака.

Донарума без конкуренција го освои местото бидејќи беше единствениот голман номиниран за оваа престижна награда, а стоперската тројка местото го заслужи со одличните игри на ЕП.

Посебно интересен е средниот ред, бидејќи бројот на гласови не оди по логиката на фудбалската игра, се случуваше изборот на играчи да биде таков што Мохамед Салах и Кристијано Роналдо да завршат на крила.

Покрај нив, тука се и играчите од средниот ред по вокација Жоргињо и Н’Голо Канте. Нападот изгледа застрашувачки, а го сочинуваат Лионел Меси, Роберт Левандовски и Карим Бензема.

Кога ќе се погледне составот, сосема е јасно дека се работи за многу необичен тим кој веројатно би имал многу проблеми со одбраната во реалните натпревари бидејќи е преполн со напаѓачи.

Слични содржини