Руменилото е задолжителен дел од шминката, особено во есен и зима, бидејќи на тенот му дава здрава и свежа боја. Грешки се случуваат, но на вас е да научите да ги сведете на минимум.
Правилно нанесеното руменило ќе направи да изгледате здраво и негувано, но само ситна грешка е доволна за целиот тој впечаток целосно да се уништи.
Ова се петте најчести грешки кои се прават при нанесување руменило на образите:
1. Го ставате само на образите
Искористете ги предностите на овој прекрасен мејкап производ и нагласете ги дискретно и слепоочниците и носот. На тој начин дури и во зима можете да си обезбедите летен тен, кој изгледа како да сте поминале еден викенд на море.
2. Користите погрешен тон
Руменилото мора да биде во склад со вашиот природен тен. На пример, за светла кожа користете лесно розово руменило. Кај маслинестата кожа одговара корално портокалова нијанса, а за темната кожа изберете земјени тонови со интензивен пигмент.
3. Избирате погрешна текстура
Изберете ја текстурата според типот на кожата. За масна кожа подобро е кремастото течно руменило на база на вода. Кај сувата кожа можете да користите течни масни руменила. За нормалната кожа одговараат и течните и руменилата во прав или камен.
4. Нанесувате голема количина
Премногу руменило може да направи да личите како да се подготвувате за карневал. Ако не сте сигурни колку е доволно, запрете пред да ја нанесете последната „четка“, бидејќи и во овој случај важи златното правило „помалку е повеќе“.
5. Не го коригирате со четка
Откако ќе го нанесете руменилото, измешајте го со чиста четка, за да нема јасни граници и да не изгледате како кловн. Измазнете ги сите видливи премини меѓу кожата и руменилото.