Ова се водечките мејкап трендови за 2020 година

од Elena Daskalova
366 прегледи

Трендовите кои шминкерите ги предвидуваат за 2020 година се слични на оние од 2019, само се надоградени и доусовршени, но исто така има и доста нови моменти.

Unsplash

Она што е сигурно е дека секој може да пронајде по нешто што му се допаѓа и тоа да го применува во шминкањето.

Еве што предвидуваат бјути експертите:

Природни веѓи и црвени усни

Природниот изглед на веѓите е сè попопуларен изминативе години, но во 2020 ќе биде во фокусот на убавиот изглед. Играјте на сигурно со понежни и подискретни нијанси на црвената боја за усните, доколку одлучите да го прифатите овој тренд со веѓите.

Светкави детали околу очите

Најхрабрите можат да носат козметички циркони на аголот од окото, на очниот капак или над веѓите. Останатите може да го надополнат изгледот со помош на светкав туш за очи.

Туш за очи во боја

Во 2020 заборавете на тенката црна линија на очниот капак и обезбедете си неколку ајлајнери во интензивни бои, кои одлично прилегаат и го надополнуваат изгледот.

Црвена сенка

И овој тренд е наменет само за најхрабрите, со оглед на тоа што со оваа боја лесно може да се згреши во користењето и нанесувањето.

Неонски нијанси на кармини

Оваа сезона бидете похрабри барем во користењето на кармините. Изберете жешки неонски нијанси и најдете ја онаа која најубаво ви прилега.

Слични содржини