Ова се знаци дека ви недостига витамин Д

од Stefanija Kuzmanovska
816 прегледи

Витаминот Д игра важна улога во одржувањето на концентрацијата на калциум во нашето тело, придонесува за зајакнување на коските и здравјето на забите, како и за зајакнување на мускулниот тонус.

Следните симптоми укажуваат на недостаток на витамин Д во организмот:

1. Кршливи коски

Телото престанува да гради коскена маса околу 30-та година од животот, а недостаток на витамин Д ги забрзува симптомите на остеопороза. Луѓето со недостаток на витамин Д во организмот се повеќе склони кон фрактури на коските отколку луѓето кои немаат недостаток на тој витамин.

Заедно со неговата способност да гради коски, витаминот Д исто така ги зајакнува мускулите. Силните мускули спречуваат паѓања, кои честопати се причина за инвалидитет, па дури и смрт кај постарите лица.

2. Честа болка во коските

Суптилна, но постојана болка во коските и зглобовите може да биде резултат на болести како што се артритис, остеомалација или фибромијалгија. Сепак, причина за ова непријатно чувство може да биде и недостаток на витамин Д.

3. Лошо расположение

Клиничката депресија во повеќето случаи е директно поврзана со недостаток на витамин Д. Иако нема јасни докази за тоа, експертите сметаат дека недостаток на витамин Д влијае на лачењето и количината на хормонот серотонин, кој го одредува расположението.

4. Претерано потење

Бројни причини предизвикуваат претерано потење, а една од нив е и недостаток на витамин Д во организмот.

5. Слабост и замор

Дали чувствувате замор и слабост дури и по квалитетен осумчасовен сон? Можеби страдате од недостаток на витамин Д. Не само железо, туку и овој витамин е одговорен за јачината на организмот. Добрата вест е дека мускулите брзо се обновуваат и дека со конзумирање храна што содржи витамин Д, можете да го подобрите мускулниот тонус.

Слични содржини