Ова тука нема да заврши, рече Пренџов откако никој од АНБ не присуствуваше на седницата за отчетот за Онишченко

од Nikola Popovski
181 прегледи

Претседателот на Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и на Агенцијата за разузнавање (АР), Љупчо Пренџов информираше дека на продолжението на седницата за отчетот на АНБ околу нејзината улога во доделувањето на македонско државјанство на контроверезниот Украинец, Олександр Онишченко, не присуствувал ниту еден претставник на АНБ.

-Како општество од 90-тите години па наваму, наместо Агенцијата повеќе да се грижи за безбедноста на граѓаните, имам чувство дека повеќе прават граѓаните да не се чувствуваат безбедно. Неодговорно е никој да не појави на седницата. Граѓаните се тие кои што плаќаат за сите јавни функционери и чиновници, вклучувајќи ги и членовите на АНБ, рече Пренџов.

Тој појасни дека денес не направиле надзор затоа што претставници од АНБ не присуствуваа на седницата.

-Ние ќе разговараме. Ова тука нема да заврши, седницата не е затворена, точката не е заклучена и во следниот период повторно ќе свикаме седница, со цел мистеријата Онишченко да биде добие епилог, кажа Пренџов и додаде дека не добил соопштение или причини зошто никој од АНБ не присуствувал.

Седницата на Комисијата за надзор над работата на АНБ и на АР, која е затворена за јавноста поради класифицираните материјали, почна на 18 ноември, но остана незавршена и беше суспендирана од претседателот на Законодавниот дом, поради безбедносен пропуст, кога дел од отчетот на Димовски за случајот одеше тонски на јутјуб-каналот на Собранието.

Во меѓувреме Владата побара одземање на државјанството на Онишченко и спроведува истрага за случајот, а вчера исто така е именуван и нов директор на Агенцијата за национална безбедност.

Слични содржини