Оваа блага намирница може да спречи мозочен удар и висок холестерол

од Stefanija Kuzmanovska
1,8K прегледи

Повеќето луѓе ги избегнуваат поради големата количина на шеќер, но урмите можат да бидат од голема корист. Тие се богати со магнезиум, витамин Б6, влакна и калиум.

Ако имате желба за благо, подобро изедете неколку урми наместо сладолед или млечно чоколадо.

Го намалуваат високиот холестерол
Истражувањата покажуваат дека влакната помагаат во регулирањето на нивото на холестерол, а урмите се богати со растителни влакна. Во 100 грама урми има околу 7 грама влакна. Урмите содржат бета-глукан, кој го спречува телото да го апсорбира холестеролот од храната.

Спречуваат мозочен удар
Мозочниот удар е една од водечките причини за смрт во светот, а урмите можат да го спречат поради високата количина на калиум. Ако земете 100 грама урми, ќе внесете 20 отсто од препорачаната дневна доза на калиум. Истражувањата покажуваат дека високиот внес на калиум го намалува ризикот од мозочен удар за 24 отсто.

Го намалуваат високиот крвен притисок
Не постои храна која магично ќе го намали крвниот притисок, но сувите урми можат да ја балансираат исхраната, што позитивно ќе влијае на крвниот притисок.

Спречуваат срцеви заболувања
Урмите се добри за здравјето на срцето бидејќи се богати со калиум, магнезиум и витамин Б6. Магнезиумот ги релаксира мускулите на срцето и крвните садови, што ја подобрува циркулацијата. Витаминот Б6 го отстранува хомоцистеинот, аминокиселина поврзана со срцеви заболувања.

Тие лекуваат анемија
Урмите содржат мали количини на железо, кое им помага на луѓето кои страдаат од анемија.

Иако урмите имаат бројни здравствени придобивки, консумирајте ги во ограничени количини. Поради високата содржина на шеќер можат да предизвикаат зголемување на телесната тежина.

Слични содржини