Оваа боја на коса ќе биде ХИТ оваа сезона (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
535 прегледи

Фризерите одлучија, темно кафеава боја на коса веќе не е „ин“. Оваа сезона, ниту една жена со стил нема да ја носи.

Оваа пролет, но и во лето, трендот ќе биде малку посветол и со потопли тонови, па доколку имате потемна нијанса на коса, размислете за прамени.

Од друга страна, овие нијанси на смеѓа коса растат на популарност. Во тренд ќе бидат:

Боја на карамела

Топлите тонови на косата стануваат сè попопуларни. Таканаречената бронди, cinnamon brown и карамела боја посмеѓа се апсолутен хит денес. Црвеникавите тонови се сè попожелни, и тие даваат свежина на лицето и ја прават секоја жена младолика.

Боја на лешник

Бојата на лешник ќе биде најбарана кај фризерите во наредните денови. Таа е како создадена за сончеви денови, и идеална ако сакате мала промена. Оваа нијанса е совршена за скоро сите жени, особено за дамите со посветли очи.

Слични содржини