Оваа членка на семејството секогаш беше покрај нејзе, а Меган со еден потег многу ја навреди

566 прегледи

Меган Маркл и принцот Хари ги завршија своите последни должности во кралското семејство и поради тоа, кратко време претстојуваа во Лондон.

Со своето враќање Меган повторно направи бура во кралското семејство и најпрво ја растажи кралицата бидејќи одлучи дека малиот Арчи ќе остане во Канада, а сега успеа да ја налути и Камила, единствениот член на семејството кој од почеток беше на нејзина страна.

Камила, по повод десетгодишнината од фестивалот Woman of the World, одржа говор кој бил договорен уште пред една година и неа и бил многу важен. Истиот ден, Меган без присуство на медиумите ја посети изложбата во Националниот Театар и фотографиите подоцна ги објавила на официјалниот Инстаграм.

https://www.instagram.com/p/B9ZbYJWJZvB/?utm_source=ig_embed

Камила била уверена дека посетата на Меган била приватна и дека нема да објавува фотографии од неа, кои се разбира веднаш станале главна вест и сите ја пренеле информацијата, додека говорот на Камила падна во втор план. Тоа многу ја налутило Камила и ѝ замерила на Меган, пишува The Mirror.

Слични содржини