298
Властите во Њу Џерси одлучија да ги мотивираат граѓаните да се вакцинираат нудејќи им бесплатно пиво.
Гувернерот Фил Марфи рече дека државата започнала соработка со повеќе од десет пиварници, со цел да се спроведе проектот „Доза и пиво“.
– Ние започнуваме со проектот „Доза и пиво“ за да ги охрабриме сите жители на Њу Џерси кои имаат 21 година или повеќе да се вакцинираат. Секој што ќе ја прими првата доза во текот на мај, може да оди во пиварница со потврда за вакцинација и да добие бесплатно пиво – рече Марфи.
-Нашата цел е да имаме 4,7 милиони вакцинирани во Њу Џерси до 30 јуни- рече Марфи.