Оваа намирница го забавува стареењето на мозокот

од Stefanija Kuzmanovska
384 прегледи

Благото губење на меморијата е нормална последица на стареењето. Мозокот, како и кожата, но и сите други органи старее. Можеби ќе се изненадите кога одеднаш во четириесеттите години не можете да се сетите на некои детали.

Но, не плашете се, тоа е нормално. Всушност, нашата меморија е најдобра во нашите 20-ти години, а потоа полека опаѓа. Обично луѓето во раните 40-ти ги забележуваат првите промени во нивната меморија.

Добрата вест е дека стареењето на мозокот може да се одложи со промени во исхраната. Која е најважната промена што можете да ја направите? Вклучете хранливи материи како што се омега-3 масни киселини во вашата исхрана.

Омега-3 масните киселини се најдобрите хранливи материи за здравјето на мозокот, токму затоа масната риба е најдобрата намирница за спречување на губење на меморијата.

Лососот, скушата, туната и харингата имаат најмногу омега-3 масни киселини меѓу природната храна. Токму затоа експертите предлагаат да ги вклучите во вашата исхрана за подобро здравје на мозокот.

Придобивките од омега-3 масните киселини не застануваат само на мозокот. Токму овие типови на масти се поврзани со намалување на ризикот од срцеви заболувања, помагаат во одржување на нивото на триглицериди (маснотии во крвта) и можат да ги намалат симптомите на артритис.

Како омега-3 масните киселини помагаат да се спречи губењето на меморијата? Всушност, вашиот мозок содржи многу масни клетки, а многу од нив се направени токму од омега-3 масни киселини. Што значи дека помагаат во одржувањето на мозокот со градење на клетки, што е клучно за когнитивното здравје, меморијата и целокупната функција на мозокот.

Исто така, бројни студии покажаа дека омега-3 масните киселини можат да помогнат во спречување на деменција и Алцхајмерова болест, двете болести поврзани со стареење на мозокот и губење на меморијата.

Слични содржини