ОВАА ЗЕМЈА Е епицентар на пандемијата: ​​Трет ден по ред, бележи црни рекорди на новозаразени (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
251 прегледи

Во Индија, во последните 24 часа се потврдени 346.786 нови случаи на коронавирус, според денешните податоци на индиското Министерство за здравство.

Индија бележи светски рекорд во бројот на новоинфицирани веќе трети ден по ред, додека преполните болници низ целата земја бараат помош во кислород, според Ројтерс. Индија го надмина рекордот на САД од 297.430 случаи со коронавирус за еден ден во четвртокот и стана глобален епицентар на пандемијата.

Владата ангажираше воени авиони и возови за да доставуваат кислород од другите делови на земјата до Њу Делхи, а локалните медиуми јавуваат за нови смртни случаи поради недостаток на кислород.

Во изминатите 24 часа, 2.624 лица починаа од коронавирус, што е најмногу од почетокот на пандемијата. Крематориумите во Њу Делхи изјавија дека се полни и побараа од семејствата на жртвите да почекаат.

Индија, која има околу 1,3 милијарди жители, досега има регистрирано вкупно 16,6 милиони случаи на коронавирус, а починале 189.544 лица. Само САД имаат повеќе потврдени случаи на инфекција.

Некои здравствени експерти сметаат дека зголемувањето на бројот на новозаразени се должи на укинувањето на ограничувањата и дозволувањето на големи собири, додека други веруваат дека причина за големиот број новозаразени може да биде индискиот сој на вирусот, кој е изолиран во таа густо населена земја.

Слични содржини