Овчарска пита: Овој рецепт е најпребаруван на Гугл во 2019

од Elena Daskalova
956 прегледи

Трендовите во гастрономијата се менуваат често, а се чини дека во 2019 година предност им се давало на традиционалните рецепти, кои се едноставни за подготовка и не бараат комплицирани намирници и готвење.

Овчарската пита во 2019 била најпребарувана како рецепт. Се работи за англиски специјалитет од мелено месо и пире од компири.

Еве како се подготвува:

2 лажици масло
900 гр мелено телешко месо
3 исецкани кромида
2 рендани моркови
2 чешниња толчен лук
5 лажици лут сос
4 лажици доматно пире
Чаша црвено вино
Мала конзерва грашок
Зачини
Чаша пилешки бујон
1 кг варени компири
2 жолчки
Рендан кашкавал

Подготовка:

Од компирите се подготвува пире, се меша со кашкавалот и жолчките и се остава да се олади.

Се пропржуваат кромидот, моковот и лукот. Потоа се додава месото, а кога ќе се издинста се додаваат виното и бујонот. Кога ќе се згусти смесата, ги додавате сосот и доматното пире, а при крајот се додава грашокот.

Во огноотпорна тава се става месото, а врз него се премачкува пирето. Можете да прелеете со смеса од белки и павлака и да додадете уште малку кашкавал.

Се пече 30 минути на 200 степени. Се остава питата во рерна додека да се излади рерната.

Слични содржини