Овесна каша и омлет за појадок за здраво срце

од Vladimir Zorba
653 прегледи

Во секојдневната исхрана треба да вклучите пет намирници кои го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни болести, пишува Ал „Џезира“. Според експертите, тие треба да се консумираат за време на појадокот.

Кој е вистинскиот појадок за здраво срце?

Лекарите и нутриционистите советуваат да се избегнува храна која може да биде штетна за здравјето на срцето, и обратно – наутро да се вклучат некои продукти кои се здрави за срцето.

Научниците секогаш препорачуваат здрава исхрана и посебно внимание на појадокот.

Експертите составија листа на грицки за луѓето кои се изложени на ризик од срцеви заболувања.

Овесна каша

Ова е една од најздравите намирници за појадок. Овесната каша е богата со растителни влакна и хранливи материи како што се витамините Б, цинк и магнезиум, кои позитивно влијаат на работата на срцето.

За да се максимизираат придобивките, нутриционистите препорачуваат користење обична овесна каша и додавање здрави состојки како јаткасти плодови или овошје.

Омлет со зеленчук

Омлетот може да биде уште еден одличен начин да го започнете денот и да го заштитите здравјето на вашето срце, особено ако додадете повеќе зеленчук, како што се печурки, пиперки, кромид и спанаќ за да го направите јадењето богато не само со протеини, туку и со влакна.

Сите видови на бобинки

Овошјето е богато со антиоксиданси здрави за срцето, што ги прави одличен додаток на вашиот утрински оброк. Богати се и со железо.

Овошје и зеленчук

Зеленчукот и овошјето се одлични извори на витамини и минерали. Тие се нискокалорични и богати со влакна, па затоа се одлични за појадок.

Авокадо

Покрај тоа што е богато со минерали и витамини, авокадото е еден од најбогатите извори на мононезаситени масти во природата. Како што е забележано на веб-страницата на Клиниката во Кливленд, тие помагаат да се ослободите од лошиот холестерол, за кој е познато дека е една од причините за проблеми со срцето.

Здрава исхрана: Намалете ја количината на шеќер во вашата исхрана, избегнувајте преработена храна и замрзната храна која содржи нездрави транс масти. Треба да ги намалите и заситените масти, како што се црвеното месо, живината, сирењето и млекото и да ја зголемите количината на корисни незаситени масти. Тие се содржани во маслиново масло и разни масла од јаткасти плодови. Покрај тоа, се препорачува редовно вежбање и физичка активност, како и откажување од пушење.

Слични содржини